Скопје ја има Данела, Битола си го има Тони! Нема разлика, матрицата е иста! Беззаконие и хаос“, изјави денеска на прес-конференција Андреј Стојановски, член на ИО на СДСМ Битола.
Тој истакна дека дека претседателот на надзорниот одбор на ЈП „Пазари“ се самовработил во претпријатието кое требаше да го контролира.
-В петок на Седница на Совет ќе биде разрешен од функцијата оти не можи во исто време и да биди вработен во Пазари и Претседател на Надзорниот одбор. Ова е само еден пример за тоа како ДПМНЕ и нејзините функционери работат. Ништо друго не ги интересира освен да си го наполнат џебот.
Претпријатието кое беше пример за цела Македонија, ДПМНЕ успеа за нецела година да го претвори во генератор на скандали и афери. Предупредувавме дека директорката на Пазари е неспособна и недорасната за функцијата што и се потврди со нејзиното разрешување. Новиот директор е зет за ќерка на лидерот на ПОДЕМ, Живко Јанкуловски, коалицискиот партнер на ДПМНЕ, донесен во Пазари од омилениот бизнис партнер на Коњановски и ДПМНЕ. Ќе понесе ли тој одговорност што го вработи Претседателот на Надзорниот одбор на истото претпријатие?, праша Стојановски.