СДСМ: Дали Богов помага колекција на банки во рацете на ВМРО-ДПМНЕ?

од Vladimir Zorba
104 прегледи

„Гувернерот Димитар Богов трет ден ги избегнува клучните одговори за скандалозната продажба на Алфа банка.

bogovnova

Дали Алфа банка се продаде таинствено и нетранспарентно на консултант во Владата на Никола Груевски?

Дали банката оди во рацете на консултантот до Груевски за само 1.2 милиони евра?

Како му успеало на консултантот на Владата на Груевски да дојде до банка за само 1.2 милиони евра, колку што чинат двата лава на мостот Гоце Делчев?

Ако нема што да крие гувернерот Богов зошто не објасни?

Тој има обврска да објасни како една голема банка се довела во ситуација да се самопродава за еден милион евра, или можеби некој го наложил тоа?

Меѓу сомнителните криминални почетоци на Груевски, Јанкулоска и соработниците е влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во тогашна Македонска банка.

Дали меѓу криминалниот крај на власта на Груевски е нивен влез во Алфа банка?

Ако гувернерот Богов нешто знае, а молчи, тој ќе биде соучесник во делата на расипничката власт на Груевски и соработниците“, соопштуваат од СДСМ.