СДСМ: Дали изборните манипулации Бонева ги смета за препорака за член на ДИК?

од desk3
136 прегледи

Соработничката на Никола Груевски за изборните манипулации во Струмица, Силвана Бонева, смета дека нема ништо спорно за да не биде член на Државната изборна комисија.

boneva_gruevski-600x400
Преку проектот Вистината за Македонија граѓаните дознаа за рекетот врз фирмите, заканите за бизнисмените во текот на изборната кампања, изработката на лажните лични карти и малверзациите во Струмица коишто Силвана Бонева лично му ги призна на Никола Груевски.

Граѓаните слушнаа, Бонева и Никола Груевски за време на избори разговараат дека нема фирма во Струмица која не е рекетирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Славе Гошев.

Бонева за НОВА: Немам ништо криминално направено за да не бидам член на ДИК

Дали изборните манипулации Силвана Бонева ги смета за препорака за член на ДИК?

Пред една година СДСМ обелодени дека Силвана Бонева бесрамно сокрила од Антикорупциската комисија два стана во центарот на Скопје од над 400 илјади евра, сопствесност на нејзините два сина.

Дали криењето имот можеби Бонева го смета за препорака за член на ДИК?

Дополнителен скандал се отвори откако беше објавено дека на истата Силвана Бонева која живее во Струмица и крие два стана во Скопје, за 2013 и 2014 година и биле исплатени дури 23 илјади евра за патни трошоци.

Додека дел граѓаните едвај преживуваат со 40 денари на ден, на Бонева и се исплаќаа илјадници евра за патни трошоци од Струмица до Скопје.

Дали можеби набивањето на патни трошоци на грбот на граѓаните Бонева го смета за препорака за член на ДИК?

После серија на скандали поврзани со изборни манипулации Силвана Бонева не треба да биде член на ДИК.