СДСМ: ДПМНЕ ја претвори Македонија во приватна компанија за партиски вработувања

од Илинка Илиоска
45 прегледи

СДСМ алармира дека Владата предводена од ДПМНЕ ја претворила Македонија во приватна компанија за семејни и партиски вработувања, додека младите и способните граѓани ја напуштаат земјата.

„Државните институции се полнат со кадри чии главни квалификации се фамилијарните и партиските врски, додека младите и способните луѓе заминуваат во странство“, наведуваат од Центарот за комуникации на СДСМ.

Партијата го посочува примерот со семејството Андоновски, наведувајќи дека „таткото Љупчо е советник, братот Игор началник, а синот Стефан министер – сите поставени во владините институции“. Според СДСМ, ова е класичен пример на непотизам што ја уништува правдата и еднаквите можности за сите граѓани.

„Додека партиските функционери ги вдомуваат своите семејства, младите и образованите се оставени без перспективи. Наместо да ја вложуваат својата енергија во напредокот на државата, тие се принудени да заминуваат, бидејќи тука има место само за роднините на функционерите на ДПМНЕ“, стои во соопштението.

СДСМ порача дека „време е за промени“ и дека граѓаните заслужуваат систем кој ќе нуди правда, еднаквост и вистински можности, наместо, како што велат, „партиска диктатура која ја задушува иднината на Македонија“.

Слични содржини