СДСМ: Дури и Управниот суд потврди дека власта го криела непрочистениот Избирачки список

од Vladimir Zorba
111 прегледи

„Избирачкиот список не е прочистен и институциите под контрола на власта се обидоа да го сокријат тој факт.

uvid-izbiracki-spisok

Тоа го потврди дури и партизираниот Управен суд кој ја поништи забраната ДИК да обезбеди електронски пристап до Избирачкиот список на својата веб страница изречена од Дирекцијата за заштита на лични податоци.

Одлуката на судот се темели на констацијата дека Дирекцијата противзаконски ја изрекла забраната, откако направила вонреден инспекциски надзор околу заштитата и обработката на личните податоци, но не составила Записник, со што “фактичката состојба не е во целост и правилно утврдена“.

Но во одлуката на судот е наведен и еден неоспорен факт, дека:

“Согласно член 31 став 2 алинеја 28-г од Изборниот законик, Државната изборна комисија ГО ОБЈАВУВАИзбирачкиот список на својата веб страница со следниве податоци: ИМЕ, ПРЕЗИМЕ И АДРЕСА НА ИЗБИРАЧИТЕ“.

СДСМ го потенцира ставот што вчера најдиректно го соопшти и Брисел, дека не се исполнети минимум услови за фер и веродостојни избори“, соопштуваат од СДСМ.