СДСМ: Финасиската полиција да го провери превозот на ученици во сите општини

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Финансиската полиција потврди дека ги проверуваат тендерите за јавните набавки во општина Струмица, за превозот на учениците. Во денешното соопштение, од управата за финасиска полиција велат дека вчерашната акција во струмичката општина била по допрен глас, бидејќи во јавноста повеќе денови се зборува дека тендерите се сомнителни и постоеле основи на сомневање дека се резултат на извршени кривични дела.strumica_5

Оттаму демантираат дека во општинаската зграда влегле без налог, туку според соопштението потпишано од директорот Александар Тргачевски, имале обезбеден судски налог за одземање на оригиналната тендерска документација. Апелираа да не се политизира целиот случај.

Според портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, акцијата на финансиската полиција е смислена и нарачана од Вмро Дпмне, за да се прикажат сите градоначалници како исти, и затоа побара јавно и транспарентно да бидат објавени резултатите од спроведената контрола, но и да се направи иста таква проверка на тендерите и во останатите општини.

Вчера, од општина Струмица рекоа дека била приложена целата побарана документација на инспекторите, и дека тоа била само една од многуте инспекции кои редовно доаѓале во општината.

Посетата на финансиска полиција во општина Струмица доаѓа по серијата пресови на пратеникот од Вмро Дпмне, Васил Пишев, кој ги обвинува општината и градоначалникот дека плаќале повеќекратно поскап превоз за ученици, дури и од оној во Битола, за што се води истрага во Специјалното јавно обвинителство.