СДСМ ги повлекува сите амандмани: Бараме средства за справување со пожарите и настраданите во Кочани

од Milan1
70 прегледи

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, соопшти дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите преостанати амандмани на предложениот ребаланс на буџетот и ќе поднесат два нови целосно насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата.

„Денес најавивме дека ќе поднесеме само два – фокусирани на најгорливите прашања: Обесштетување на семејствата и повредените од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Финансии за јакнење на капацитетите за справување со пожари, повеќе пожарникари, зголемување на платите, и подобра опрема. Нема оправдување за недостиг на пожарникари и ресурси. Државата има и обврска и можност да реагира! Сметаме дека токму сега е време за консензус, за единство и за јасна порака дека сме тука за граѓаните, без поделби, без калкулации“, истакна Спасовски.

Слични содржини