СДСМ го осуди известувањето на провладините медиуми

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува длабоко разочарување и најостро го осудува начинот на известување, како и содржината на прилозите на провладините медиуми, во моменти кога Република Македонија се наоѓа во исклучително тешка состојба.

sdsm-1

„Додека сите што и мислат добро на Република Македонија и нејзината иднина повикуваат на смирување, воздржаност и присебност, провладините медиуми шират невистини и подгреваат граѓанска нетрпеливост, тензии и конфликтност. Со ова потврдуваат дека државата и граѓаните им се на последно место, дури и кога граѓаните и полицијата се под директен напад и кога е загрозена нивната сигурност и безбедност“, се наведува во соопштението на СДСМ.