СДСМ изрази целосна поддршка на Првомајскиот проглас на Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права до работниците, работничките и сите граѓанки и граѓани на Република Македонија.
„Програмата на СДСМ предвидува систем кој ќе обебзеди пристојни, безбедни и хумани работни места за сите работници во Македонија. Обединети со синдикатите и здруженијата за заштита на работничките права креираме работни места кои се трајното и одржливо решение на постојните егзистенцијални проблеми на граѓаните на Македонија. Со примена на принципите на праведност и стручност при вработувањето и објективност при унапредувањето и наградувањето на вработените во јавната администрација, ќе создадеме администрација ослободена од партиските спреги. Денес заедно со сите работници и работнички го креваме гласот на протестниот марш“, велат од СДСМ.
