СДСМ: Груевски продолжува да се занимава само со луксузот и раскошот

од desk3
91 прегледи

сдсм седисте

Никола Груевски продолжува да се занимава само со луксузот и раскошот на барокните згради наспроти реалните потреби на граѓаните.

За канцеларии на 180 административци воопшто нема потреба да се потрошат над 8 милиони евра, пари на граѓаните. Нови простории за АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор може да се обезбедат со многу помалку пари, преку поскромен објект, современ и енергетски ефикасен, согласно најновите стандарди.

Реалните потреби на граѓаните се нови училишта, градинки, современи болници…

Со над 8 милиони евра можеа да се изградат многу училишта, градинки и болници со што вистински ќе им се помогнеше на граѓаните.