СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за Фридом Хаус

од Vladimir Zorba
130 прегледи
Најновиот извештај на „Фридом Хаус“ предизвика и партиски реакции. Од СДСМ велат дека
јасно и недвосмислено се потврдува дека поради хибридниот режим на Груевски демократијата во Македонија назадува, нема слободни медиуми, нема независно судство, корупцијата расте, а претходните избори не се веродостојни.
132763
Токму затоа, на Македонија и е потребно враќање на слободата, демократијата, владеењето на правото и европските вредности и тоа е можно единствено преку организирање слободни, фер, демократски и кредибилни избори со целосно исполнување на договорот од Пржино“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Реагираат и од ВМРО-ДПМНЕ. Очајот на СДСМ како се ближат изборите станува се поочигледен. СДСМ ниту има понуда, ниту има програма, ниту пак конкретни мерки и проекти во интерес на граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во извештаите на Фридом Хаус нема ни збор од недемократските и тоталитарните вредности на СДСМ и бандата околу Заев, што е очекувано, бидејќи Фридом Хаус е финансирана од Сорос и нејзините извештаи ги пишува и базира исклучиво на мислењето на соросовите платеници, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.