СДСМ: Изградба на студенски кампуси и поволности за студентите

од Vladimir Zorba
88 прегледи

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска преку соопштение информира дека планира изградба на студенски град во Скопје и студенски кампуси во Тетово, Битола и Штип.

Студенскиот град во Скопје, како што посочува СДСМ, ќе има спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино сали и фитнес центри.

– Новите студентски домови и кампуси ќе го олеснат животот на студентите. Ќе влијаат на мотивацијата во учењето и креирањето на сопствената иднина, наведува СДСМ.

СДСМ планира да воведе и студентска платежна картичка за попусти која ќе се користи за услугите во кампусите, во меѓуградскиот превоз, при посетата на државните и националните институции, како и за спортски и културни настани од национален карактер.

– Со условите во начинот на живот, со промените во образовниот систем и отворените можности за работа ќе ги мотивираме младите луѓе да останат да живеат и работат во Македонија, вели СДСМ.