СДСМ: Ја најде ли Мисајловски физибилити студијата за гасоводот од 3.8 милиони евра?

од Vladimir Zorba
103 прегледи

timthumb-5

Опозициската СДСМ ја обвинува власта за „неспособност, незнаење и неодговорност за гасификацијата на Македонија“.

Во соопштение партијата наведува дека првата куќа којашто веќе пет години  користи природен гас се наоѓа во Струмица и оти во изминатите 10 години власт на ВМРО-ДПМНЕ не била гасифицирана ниту една куќа во главниот град и во општините раководени од владејачката партија.

– Единствените два гасифицирани града во Македонија се Струмица и Куманово каде што СДСМ има градоначалници од своите редови, се наведува во соопштението.

СДСМ упати прашање до министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски дали, како што наведува „ја нашол физибилити студијата за гасоводот којашто неговиот претходник Јанакиески ја платил 3,8 милиони евра со народни пари?“, како и „да објасни колку чини изградбата на Клечовце Блок 5 според таа физибилити студија?“.

СДСМ најави и дека ќе спроведе детална истрага за, како што оценува, лагите околу гасификацијата.