СДСМ: Како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Груби?

Оттаму прашуваат дали владеачката партија е свесна за тоа дека тоне сè подлабоко во сопствените лаги

од Кристијан Димков
19 прегледи

„Дали во ВМРО-ОКГ се свесни дека го потврдуваат тоа што го зборуваме од почетокот на овој циркус со Груби? Како знае ВМРО-ОКГ што ќе проговори Груби? Сè е договорено. Сè е дел од однапред смислено сценарио што се одвива пред очите на граѓаните“, се вели во соопштението на Социјалдемократскиот Сојуз

Оттаму прашуваат дали владеачката партија е свесна за тоа дека тоне сè подлабоко во сопствените лаги и потенцираат на големите нелогичности во врска со апсењето на Артан Груби и негово пренамената на неговата активна мерка притвор до домашен притвор.

„Бране Петрушевски, како мегафон, ја повторува програмата на Алфа ТВ“, мислите ли дека граѓаните се слепи и глуви? Прашуваат од СДСМ.

„Повеќе не ви поминуваат финтите со Дубаи, Харис, Венеција…Разоткриени сте. Наместо овие ваши измиелсени лажни афери, одговорете – кој е Симо? Зошто има цел албум со Мицкоски? Во каков однос е Мицкоски со Душан Адамовиќ, човек со богато криминално минато, високо позициониран член на вашата сестринска партија СНС?  Каде е д-р Жан?“, додаваат од најголемата опозициска партија.