СДСМ кон Љутков: Граѓаните не бараат видеа, туку резултати

Оттаму истакнуваат сериозни пропусти во културната политика на државата

од Кристијан Димков
19 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Сител ТВ

„Министерот за култура и туризам повторно снима видеа.  Но граѓаните не бараат видеа, туку резултати. Наместо маркетинг, потребни се одговори.“ реагираат од најголемата опозициска партија, СДСМ

Оттаму истакнуваат сериозни пропусти во културната политика на државата, наведувајќи ги Скопскиот аквадукт, реконструкцијата на НУ Театар Куманово и отсуството на нова театарска зграда во Прилеп, додавајќи дека не станува збор за луксуз туку за стратегија за културен развој.

Од Социјалдемократскиот сојуз прашуваат: „До каде е решавањето на имотноправните односи за Скопскиот аквадукт? Ќе се запази ли рокот за реконструкција на театарот во Куманово? Зошто се повлекува ветувањето за нов театар во Прилеп?“

Културната политика мора да се темели на јасна визија, почитување на рокови и конкретна реализација, а не на маркетинг и видеа на социјални мрежи, бидејќи граѓаните заслужуваат отчетност, а не промоција, напоменуваат социјалдемократите.