СДСМ: Лошите технички решенија на ВМРО-ДПМНЕ го поскапеа проектот Кичево-Охрид

од Илинка Илиоска
48 прегледи

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ утрово разменија обвинувања во врска со автопатот Кичево-Охрид. СДСМ обвини дека проектот е пример за „неспособноста“ на ВМРО-ДПМНЕ, наведувајќи дека, поради „лошите технички решенија“ и „недостаток на анализа на теренот“ направени во 2014 година, цената на автопатот се зголемила.

„Затоа владата на СДСМ како одговорна влада врз база на експертски мислења од надзорниот орган и фидик еспертите пристапи кон репроектирање на поголем дел од трасата со цел тој автопат да може да се реализира. Поради новите ископи од преку 10 милиони метри кубни земја и нови технички решенија се зголеми цената на чинење на проектот“, велат од партијата.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и ДУИ го зголемиле буџетот на автопатот за 200 милиони евра без образложение и дека нивните главни приоритети биле „сомнителни тендери“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, промените во буџетот и одложувањата се резултат на корупција и криминал, што дополнително го оптоварило државниот буџет.

Слични содржини