СДСМ: Македонскиот идентитет, јазик и иднина се обезбедени, тоа јасно стои во конечниот Договор!

од Vladimir Zorba
107 прегледи

Македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската иднина се обезбедени еднаш засекогаш. Токму во конечниот Договор точно, јасно и  прецизно се наведени сите поединости и нема простор за дилеми и нејаснотии, велат во соопштение од владечката партија СДСМ.

-Во Член 1 од Договорот, којшто е јавно достапен за секој граѓанин, јасно стои дека државјанството е „македонско“ а официјален јазик е „Македонски јазик“. Во Договорот е појаснето значењето на терминот „македонски„ и се додава дека нема на било кој начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја искриви реалноста и да го игнорира историскиот успех кој што се постигна. Македонија доби датум за почеток на преговори и доби покана за членство во Нато. Македонија излегува од земја во изолација и станува земја со иднина.

Македонскиот јазик станува еден од јазиците НАТО, а по влезот на Македонија во ЕУ, ќе биде дел и од јазиците на Европската Унија.

Безбедна и сигурна држава, нови инвестиции, нови работни места и повеќе пари кај граѓаните се дел од придобивките кои ги има земјата и граѓаните со членството во НАТО и ЕУ.

Историскиот успех го препознаа сите, честитки за постигнатиот успех и напредок го поздравија сите освен  ВМРО  ДПМНЕ.  Истите тие кои единаесет години ја влечеа земјата надолу .

Не е доцна ВМРО-ДПМНЕ да се освести, да се извини  и да ја подржи земјата во патот  кон ЕУ и НАТО!  Патот со кои се трасира подобра иднина за Македонија  и подобар живот за македонските граѓани.