„Подготвени сме да чекаме и децении, нема да има уставни измени“ е досега најсилно признание на Мицкоски за изолацијата во којашто ја турка земјата“, се вели во соопштението на Социјалдемократскиот Сојуз, од каде што додаваат дека со Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ.
„Ова значи со децении загарантирана сиромаштија, уште поголемо иселување на младите, криминал и корупција без контрола врз грбот на граѓаните.
Мицкоски со часовници од 60.000 евра, вредни 150 минимални плати, со бизнис мрежа и тендер коалиција која врти милиони им вели на граѓаните дека ќе чека децении.
Ама напатениот народ и работниците кои едвај врзуваат крај со крај, со ниски плати и високи цени, ќе бидат принудени да земаат бугарски пасоши за спас.“, велат од СДСМ.
Оттаму тврдат дека целите на премиерот Христијан Мицкоски се насочени кон партиски интереси и распределба на тендери, наместо кон подобрување на состојбата на граѓаните и обвинуваат дека не се исполнети ветувањата за враќање на името и за обезбедување на подобра преговарачка рамка
„Мицкоски клечеше и молеше за власт, лажејќи го народот дека ќе го промени името, а сега поради него: Македонија е на колена. Предадени се националните интереси“, се вели во соопштението на СДСМ.