СДСМ: Мицкоски со празни критики го прикрива хаосот во своите редови

од Илинка Илиоска
42 прегледи

„Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за „квалитет на кадри“. Во неговите редови има луѓе осудени за криминал, лица кои се под истраги од институциите и личности чиј углед е сериозно нарушен со бројни скандали во изминатите пет месеци. Неговата партија е заробена во коруптивни афери, кои ја деградираат не само ВМРО-ДПМНЕ, туку и целокупната политичка сцена во Македонија“, пишува во партиското соопштение на СДСМ.

Според опозициската партија, изјавите на Мицкоски се обид да се дефокусира јавноста од проблемите во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да ги решава нерегуларностите и да се справува со лицата кои ја рушат довербата во институциите, Мицкоски се занимава со празни критики кон СДСМ, кои само ја рефлектираат неговата неспособност и немање визија за иднината на земјата. Изјавите на Мицкоски, се уште еден доказ за неговата лицемерна политика. Напразни беа очекувањата на Мицкоски за распад на СДСМ и наместо тоа се соочи со вистината на консолидирана, мотивирана и партија подготвена за нови победи. Новото раководство на СДСМ е тим кој ги обединува капацитетите на млади и искусни кадри со целосна посветеност на интересите на граѓаните“, пишува во соопштението од СДСМ.

„Токму затоа, изјавите на Мицкоски се обид да ја дефокусира јавноста од проблемите во неговите редови. Наместо да ги решава нерегуларностите и да се справува со лицата кои ја рушат довербата во институциите, Мицкоски се занимава со празни критики кон СДСМ, кои само ја рефлектираат неговата неспособност и немање визија за иднината на земјата“, додаваат од партијата.

Слични содржини