СДСМ: Миноски покажа непознавање на законската процедура за еврообврзница

од Vladimir Zorba
118 прегледи

Министерството за финансии покажува дека новиот министер Кирил Миноски не ја знае процедурата за издавање еврообврзница и бара алиби и соучесници во другите институции за ова финансиско злосторство, пишува во реакцијата на СДСМ, на соопштението на Министерството.

sdsm-sedishte-2

„Ставрески го напушти бродот што тоне. Богов срамежливо почна да се оградува од лудилото на задолжување, изјавувајќи дека уште од 2012 година укажувал на потребата за фискална консолидација и од стабилизација на јавниот долг. Миноски покажува дека не ги познава ниту основните закони што ги уредуваат начинот и условите на издавање и за тргување со хартии од вредност, управувањето со јавен долг, постапката и начините на задолжување, што е во домен на надлежностите на Министерството за финансии“, пишува во соопштението на опозициската партија.