СДСМ: Мицкоски да ги објасни сликите и поврзаноста со претседателот на Бугарскиот клуб

од Destan Jonuzi
179 прегледи

Граѓаните очекуваат одговори од Мицкоски, да ја објасни својата поврзаност со претседателот на контроверзниот бугарски клуб во Охрид „Цар Борис Трети“, соопшти СДСМ.

-Лицемерниот Мицкоски да не бега туку да ги објасни сликите и да каже во какви релации е со претседателот на бугарскиот клуб. Дали ги поврзува само членството во ВМРО-ДПМНЕ или има и нешто друго?, прашуваат оттаму.

-ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето што биле извршители на Третиот Рајх и во својот статут има континуитет со Ванчо Михајлов и Тодор Александров. СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ секогаш била на вистинската страна на историјата“ порачаа од владејачката партија.