157
„Наместо да ги осуди скандалозните изјави на Иванка Василевска од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за припојување кон други држави, Христијан Мицкоски ги брани таквите антидржавни, антизападни и антимакедонски ставови. Јасна е разликата помеѓу антидржавното и антизападното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и интегративните и развојни полиитки на СДСМ“, вели денеска Стефан Васев од СДСМ.
„СДСМ заедно со сите прогресивни партии работи на интеграција во НАТО и ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат за враќање во изолација и подлеби, за квази сојузи и анти западни политики“, посочува Васев.