СДСМ: Муцунски и Арсовска повторно сечат дрвја во Аеродром

од Nikola Popovski
166 прегледи

Тимчо Муцунски и Данела Арсовска ветуваа зголемување на зеленилото во Аеродром и Скопје, а делата покажуваат сосема спротивна состојба на терен. На ул. Васко Карангелески повторно се сечат високостеблести зелени дрвја, обвинија денеска од СДСМ.

Од владеачката партија посочуваат дека се „ветувало дека ако треба и со жив штит ќе се бранат дрвјата на ул. Васко Карангелески“.

-Повторно прашуваме каде беше градоначалникот Муцунски да го штити зеленилото како што ветуваше токму од овде пред локалните избори? Зошто свесно ги лажеше граѓаните дека нема да се сечат овие дрвја? Исто како и Муцунски, и Аросвска пред локалните избори ветуваше дека нема на ниту едно место во градот повеќе да се сечат дрвја и дека на тоа остро ќе се спротивставувала. Каде беше вчера и градоначалничката Арсовска да ја запре сечата?

Додека безмилосно се сечат дрвјата на ул. Васко Карангелески, од најавените 100.000 метри квадратни парковско зеленило (на потегот од паркот кај последна 5-ка сè до паркот „Авион“) нема ни трага ни глас.
Лажните ветувања со кои Муцунски и Арсовска ги добија изборите, сега се прочитани од граѓаните. Муцунски и Арсовска ја изиграа нивната доверба и за тоа мора да одговараат, стои во соопштението на СДСМ.