„Мандатот на Никола Груевски завршува со предизборни празни ветувања.

За 10 години Груевски не изгради ниту еден студетски дом а сега ветува 3. Оправдувањето на Груевски е дека цели 10 години барал локација за студентски дом.

logo_sdsm

На Груевски не му требаа 10 години за да ги најде парцелите на Водно од над 11 илјади метри квадратни.

Јавноста слушна од проектот Вистината за Македонија како Никола Груевски со помош на Миле Јанакиевски експрено наоѓа парцели на Водно, како менува ДУП па ГУП, како наоѓа фирми за да го купат земјиштето.

Ова што го прави Груевски е потценување на сопствените граѓани, на младите, на студентите.

ВМРО-ДПМНЕ не може да побегне од вистината. Груевски најавува имагинарни инвестиции и празни ветувања во изборни цели.

А што се однесува до Струмица, фактите говорат дека е најуспешна општина во Република Македонија.

Тоа го препознаваат странските инвеститори а тоа го знае и самиот Никола Груевски, Струмица е најдоброто место за инвестирање во Македонија“

Слични содржини