СДСМ: Нарачаните анкети не можат да ги прикријат поразите на Груевски

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Откако своите капитулации не успеа да ги покрие со нарачани манипулации на медиумските курири Груевски си нарача нова лажна анкета, велат од опозициската СДСМ.

sdsm-1

„Граѓаните го спречија планот на Никола Груевски да се спаси преку аболиција од Ѓорге Иванов. Правда ќе има, секој што го прекршил законот ќе одговара! Се спречи и одржувањето на уште едни криминални избори на 5-ти јуни. Како што вети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Македонија ќе има само слободни, фер и регулатни избори. Ниту една нарачана, лажна анкета не може да му помогне на Никола Груевски. Македонија е на нозе. Граѓаните ширум земјава се кренаа против криминалната власт на Никола Груевски. Или Груевски или Македонија. Оттука, сите релевантни истражувања на јавното мислење, сите реални анкети, покажуваат дека СДСМ е прворангирана политичка партија во земјава. Поддршката за СДСМ и лидерот на демократска Македонија, претседателот Зоран Заев е се поголема и постојано расте. Колку и да му се потребни овие лажни, начарани анкети на Никола Груевски, тој се уште не може да се охрабри и упорно бега од слободни, фер, демократски и регуларни избори. Граѓаните бараат промени, Македонија бара промени и промените ќе се случат на следните слободни, фер, регуларни и демократски избори“, се наведува во реакцијата.