СДСМ Охрид на прес конференција денес обвини дека во Локалната самоуправа ќе се реализирале 14 нови вработувања. Порптаролот Мишел Наумоски оние кои ќе се вработат ги оквалификува како партиски послушници кои се примаат на работа за да прават валкани работи, а на новинарско прашање кои се тие луѓе одговори дека тоа според нивни сознанија се делови од фамилијата на највисокото раководство на ВМРО ДПМНЕ.

-Охриѓани не можат и нема да замижат пред класичната злоупотреба на локалната власт и партиските вработувања, со кои ВМРО ДПМНЕ се обидува да ги награди своите партиски војници и послушници. Никола Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ повторно решиле нови партиски кадри да сместуваат по општинските канцеларии.Безмалку целиот свој мандат градоначалникот ја убедува охридската јавноста дека локалната самоуправа е превработена, гломазна и неефикасна. Зошто тогаш сега вработува нови 14 партиски послушници, кои ќе бидат распореди низ општинските сектори?!До кога партиската слепа послушност во ВМРО ДПМНЕ ќе биде единствениот критериум за вработување во администрацијата?!До кога младите образовани, способни и стручни кадри оваа некадарна власт ќе ги принудува да се иселуваат од Охрид?!До кога функционери на ВМРО ДПМНЕ во Охрид ќе си ги вработуваат членовите од нивните семејства на најатрактивните работни места во администрацијата?!СДСМ и опозицијата по победата на изборите на 11 декември ќе стават крај на непотизмот и на партиските вработувања, истакна Наумоски.
На новинарско прашање кои се тие луѓе кои ќе бидат вработени Наумоски рече,
-Имаме информации за одредни лица кои што се во родбинска врска со највисокото раководство од ВМРО ДПМНЕ од Охрид , а кој што во овие конкурси добиле некакво вработување , вклучително и вработувања кои претходно беа најавени од страна на сега веќе поранешниот министер за внатрешни работи, истакна Наумоски.