СДСМ: Нека дојде Груевски да ги води преговорите за изборната регулатива

од desk3
110 прегледи

Речиси целиот вчерашен ден преговарачите во работните групи го поминале на паузи и во билатерални средби со меѓународните преставници, ги брифираа денеска новинарите од СДСМ.

sdsm-do-artan-grubi-ti-si-za-vo-vmro-dpmne-202156

Оттаму велат дека на почетокот на средбата, меѓународните преставници дале предлог-закон во кој биле содржани претходни преговарачки предлози и препораки од ОБСЕ-ОДИХР со кои сите партии биле запознаени.

Од СДСМ не се големи оптимисти дека и денеска ќе се постигне договор.

Од опозицијата сметаат дека најконструктивно решение би било ако преставниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат мандат за преговарање да го викнат премиерот тој да ги води преговорите од нивна страна.

Според СДСМ, пролонгирањето на овој рок го доведува во прашање сето она што треба да се заврши до 20 октомври и дека ова може да има, како што велат, „ужасни“ последици на извештајот за напредокот на државата.

На прашањата до кога опозицијата ќе го трпи ова, од СДСМ велат дека ако 15 септември бил еден датум на кој се донела важна одлука, тогаш 20 октомври е вториот исто толку важен датум. Тие се категорично против одложување на изборите што треба да се одржат на 24 април 2016 година.

Според опозицијата, предлогот околу кој се кршат копјата за одлучувањето во ДИК воопшто не содржи одлучување со Бадентерово мнозинство, туку, ако се загрозени чии било права, предвиден е заштитен механизам со гласање со апсолутно мнозинство.

 

МЕТА