Не е точна информацијата објавена во некои медиуми дека има договор меѓу власта и опозицијата новиот јавен обвинител да се избере од редот на сегашните јавни обвинители, реагираат од СДСМ .
„Ставот на СДСМ е јасен и познат на јавноста, а тоа е нов специјален јавен обвинител со целосна автономија, кој ќе го испита нелегалното прислушување и сите дела што произлегуваат од материјалите.“, се вели во реакцијата од партијата.
