Во државата нема лекови, власта вели дека нема пари за плати за работниците, нема пари за поголема минимална плата а запнала авион за функционерите да купува со пари на граѓаните, велат од СДСМ.
– Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за работниците и нема лекови- има само за луксузните патувања на владините функционери.
Баш му е гајле на Мицкоски за животниот стандард на народот, за тоа што нема лекови на Онкологија.
Ветувањата за скромност пред изборите ДПМНЕ ги замени со аздисаност и луксуз за функционерите. Мицкоски си игра мајтап со тие што го плаќаат, граѓаните.
Ова ја покажува ароганцијата и потценувањето на граѓаните но и начинот на којшто ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе се однесуваат, душмански со парите на граѓаните, за сопствени луксузирања.
СДСМ е против и заедно со граѓаните ќе се спротивстави на овие расипнички и погрешни политики на ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение на СДСМ.