СДСМ: Нова хаварија во РЕК Битола, кој ќе ја понесе одговорноста за катастрофата?

од Vladimir Zorba
85 прегледи

timthumb

Секојдневно сме сведоци на катастрофалните политики на власта, но, од ден на ден, излегуваат на површина тешките последици што ги чувствуваат граѓаните.

Денеска во РЕК Битола се случи хаварија на Блок 2.

По оваа хаварија, од денеска па во наредните денови целокупниот капацитет на термоелектраната Битола е надвор од енергетскиот капацитет на Република Македонија.

Веќе подолго време надвор од функција се блоковите 1 и 3.

Неодговорноста и неспособноста го доведува во прашање функционирањето на енергетскиот систем во земјава.

Јавноста, граѓаните, очекуваат одговорност.

Кој ќе ја понесе одговорноста, со име и презиме, за ваквата катастрофалната состојба во РЕК Битола?