СДСМ-Охрид: Откупно-дистрибутивниот центар во Лакочереј е неостварено ветување на ВМРО-ДПМНЕ VS. O. Oхрид: СДСМ неосновано обвинува

од desk3
96 прегледи

СДСМ -Охрид денес одржа прес конференција на која се зборуваше за дел од најавените и неостварени проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

download

“ВМРО-ДПМНЕ со години ја манипулира охридската и македонска јавност за низа лажни и неостварени ветувања, проекти кои секогаш се наведени дека ќе се реализираат во иднина, а никогаш ниту се реализирале ниту се отпочнало со нивно остварување. Еден од многуте нереализирани проекти е Откупно-дистрибутивниот центар со ладилник во село Лакочереј, предизборно ветување од 2013 година, наведен и во програмата на актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Бакрачески, рече Јован Стојаноски координатор на советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид.

За жал, општинската власт на ВМРО-ДПМНЕ иако вети не презеде ништо да им помогне на граѓаните и земјоделците коишто секојдневно и макотрпно работат, а не можат достоинствено да заработат. Дополнително, не само што власта ги остави земјоделците сами на себе, без никаква помош во откупот и пласманот на нивните производи, туку се уште им ги нема исплатено ниту парите од ланскиот откуп на јаболката. Граѓаните и земјоделците воопшто и не можат да очекуваат реализација на важен инвестиционен проект, од оние коишто половина година не се способни две улици да асфалтираат во нашиот град”-посочуваат охридските социјал-демократи.

Реагираа од Општина Охрид:

“Водена од сопствените криминални, незаконски и против правни дејствија СДСМ- Охрид и денеска неосновано обвинува и покажува дека за нејзе апсолутно е несфатливо дека секој проект па и оној кој се однесува на изградбата на Откупниот центар со ладилник во село Лачочереј имаат законски и правни рамки. Изразувајќи жалење што СДСМ –Охрид има тотално непознавање за основни, општи и правни постапки општина Охрид ќе и ги објасни сите чекори кои водат кон сигурна и успешна реализација на проектот. Откако, согласно Законот за денационализација, парцелата на кој беше предвидено да се гради Откупно дистрибутивниот центар со ладилник во Лакочереј, беше вратена на физички лица, локалната власт согласно постоечките законски прописи ја одреди новата локација за оваа намена во ова охридско село. Времетраењето на донесување на Локалната планска урбанистичка документација е пократко во однос на донесување на Урбанистичките планови затоа што ги одобрува стручна комисија и Градоначалникот. Просторот во близина на село Долно Лакочереј кој е предмет на разработка е 14.000 квадрати, а параметрите односно колкав дел од тој простор ќе зафаќа Откупно дистрибутивниот центар со ладилник ќе се дефинира со Локалната урбанистичко планска документација, појаснуваат од општина Охрид. Преку ИПАРД програмата за рурален развој општина Охрид организираше јавни трибини, посети на месните заедници и селските средини на кои ги едуцираше земјоделците како да ги користат предвидените средстрва. Во канцеларијата за поддршка на земјоделците која ја отвори актуелната локална власт се издаваат сите потребни потврди дека проектите на земјоделците се во согласност со развојните цели на општината”, се потенцира во реакацијата