СДСМ: Остварен е телефонски разговор со инвеститорите за еврообврзницата

од Vladimir Zorba
83 прегледи

139537

Во соопштение испратено од СДСМ,се тврди дека во текот на денот владата односно вицепремиерот Владимир Пешевски остварил седумминутен разговор со потенцијални инвеститори за еврообврзницата. Од партијата велат дека присутни биле и министерот за финансии,  министерот за информатичко општество и јавна администрација, заменик министерката за правда, како и гувернерот Димитар Богов. По кратката седумминутна телефонска врска, состанокот бил завршен. Дали ДУИ се обидува да се затскрие со тоа што не присуствувал министерот за правда, прашува СДСМ.