СДСМ: По 24 април медиумите во Македонија ќе бидат слободни

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Никола Груевски и неговите медиумски курири се во паника од губењето на власта и процесот за средување на состојбите во медиумскaта сфера. Груевски е престрашен да не ги изгуби креаторите на виртуелните вести за неговите виртуелни инвестиции, виртуелни работни места, виртуелни политики од кои се иселија 626.312 илјади луѓе. Затоа штанца невистини преку „Курир“ и другите медиумски курири.

photo_verybig_13391

Професионалните и етичките новинарски стандарди подразбираат непристристрасното, објективно, транспарентно и навремено информирање на граѓаните. Но, „Курир“ има задача да креира виртуелни вести и се што е поврзано со вистината да го блокира.

Со денови трае молкот по прашањата што навистина е „Курир“, интерент портал, информативна агенција, агенција-партија? Самиот „Курир“ најпрво се дефинираше како интернет портал, потоа како информативна агенција, а притоа секојдневно пишува реакции на соопштенијата на СДСМ во името на ВРМО-ДПМНЕ.

„Курир“ воопшто не пренесува ставови на граѓани, здруженија, политички партии и експерти коишто се критични за Никола Груевски и неговите погрешни политики. Не се објавуваат дури ниту демантите на невистините и манипулациите што ги пласира„Курир“. Демантите од официјалните државни институции исто така не се пренесуваат.

„Курир“ се уште крие од јавноста кој навистина работи за овој портал/информативна агенција/агенција-партија и не го објавува импресумот. Ваквото однесување на медиумските курири е една од причините што Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан.

Затоа и Европската Комисија бара регулацијата на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор. СДСМ се бори и цврсто се залага за враќање на слободата во општеството и обезбедување на слободата во медиумите.

По 24-ти априли и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!, пишува во соопштението на СДСМ