СДСМ: Покрај криминалот на Груевски и неговиот лажен патриотизам е целосно и суштински разобличен

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Во одбрана на криминалот на власта во заминување, медиумските курири веќе не знаат кој почеток и крај да го фатат, притоа покажувајќи ја својата најголема слабост, што се дозна вистината за криминалот, лицемерието и лажниот патриотизам на Никола Груевски.

timthumb (7)

Цела македонска јавност, преку Вистината за Македонија, ги слушна вистинските преговарачи и пазарења за уставното име од страна на Никола Груевски и негвоиот братучед Сашо Мијалков.

Со нивниот бизнис партнер од Грција, Манолис дури разговарале и за идентитетските прашања.

Ова е потврдено и од документите што ги објави „Викиликс“. Во 2008-ма година Никола Груевски, во својство на премиер, договорал промена на уставното име Република Македонија.

Впрочем и самиот Антонио Милошовски го потврди тоа во писмо со Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

Никола Груевски и неговиот лажен патриотизам е целосно и суштински разобличен.

Ниту една манипулација, ниту една лага, не може да му помогне на Никола Груевски.

Правдата ќе се врати, следува одговороност за целокупниот криминал.