СДСМ: Потребен е пораст од 6 проценти на БДП за граѓаните да почувствуваат подобрување

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Нереален е порастот на домашниот бруто-производ (БДП) од два процента со кој излезе Државниот завод за статистика (ДЗС) и номиналниот пораст од 8,7 отсто, бидејки тие се невозможни во услови кога во земјава има дефлација. Тоа значи дека ДЗС лаже“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm-sedishte

Оттаму додаваат дека „оваа надградена и проширена прогноза на ДЗС за пораст на БДП од едвај 2 проценти открива дека и Зоран Ставрески и Никола Груевски лажат кога најавуваат двојно повисок економски пораст.“

– Со дискутабилниот економски пораст од 2 проценти што го соопштија од ДЗС, дискутабилни се и прогнозите на Ставрески за двојно поголем пораст до крајот на годината. Во услови на незначителен економски пораст, паѓаат во вода и бројките на ДЗС за наводно намалување на невработеноста – се вели во соопштението на СДСМ.

Во него, исто така, се додава дека потребен е пораст од повеќе од 6 проценти на БДП, за граѓаните да почувствуваат промени во нивните семејни буџети.