СДСМ: Против кого ќе протестира Мицкоски – против осудените насилници Груевски, Чавков, Игор Југ, Ѓошевски и Пепиќ

од Vladimir Zorba

„Нема поголем апсурд од тоа ВМРО-ДПМНЕ, симболот на политичкото насилство и реваншизам, да организира таканаречени протести против неправдата“, велат од СДСМ.

„Денеска, против неправда ќе протестира Христијан Мицкоски, потрчкото на оној што нарачуваше шамари во Центар.

Денеска против насилство ќе протестираат губитникот Мицкоски и неговите приврзаници , истите оние кои учествуваа во насилството на 27 април. Оние кои не само што што не го осудија насилството, туку насилниците ги величаат и ги нарекуваат уставобранители.

Против кого ќе протестира денеска губитникот Мицкоски? Против осудените насилници Никола Груевски, Митко Чавков, Игор Југ, Горан Ѓошевски и Мунир Пепиќ?

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се уште се заглавени во режимско-насилничката матрица. Наместо оставка од Мицкоски како што вети тој продолжува да организира лицемерни протести кои служат само за спас на неговата фотелја во белиот дворец.

Очајно и лицемерно е однесувањето на Мицкоски. Граѓаните знаат дека тој освен одбрана на криминал не може да понуд ништо друго и затоа три пати губи на избори и затоа останува уште долго во опозиција“, посочуваат оттаму.

Слични содржини