СДСМ пушта снимки како доказ за притисок врз судството, “кумовите” оставаат на судовите

од desk3
114 прегледи

Dodevski-gruevski
Moите сознанија ги презентирав и оставам институциите да ги утврдат фактите, рече премиерот Никола Груевски откако опозицискиот лидер Зоран Заев вчера изјави дека власта не ги прислушувала само политичарите и други јавни личности од земјава, туку и највлијателните странски амбсадори.

“Не треба да се брза со оставки, треба судскиот процес да заврши, да се утврдат фактите, а потоа да се размислува за евентуални одлуки” – рече Груевски прашан дали се размислува за оставки поради аферата.

nikola-gruevski-gordana-jankulovska-zoran-stavreski-2011-7-28-19-30-36

Ставревски пак одби да ги коментира аудио снимките од прислушуваните разговори кои ги објави  лидерот на сдсм Зоран Заев за наводен притисок на извршната врз судската власт.   Соопшти дека  довербата во институциите не е изгубена, а граѓаните се оние кои ќе ја оценат неговата работа.

Заев неодамна презентираше снимка од телефонски разговор меѓу Ставревски и Јанкуловска во која според лидерот на опозицијата  минисистерката за внатрешни му соопштува на вицепремиерот дека успешно посредувала со обвинителот  за отврлање на кривична пријава против него.