СДСМ: Разобличени се монтираните судски случаи нарачани од Груевски

од desk3
91 прегледи

Никола Груевски е единствениот политичар во светот за кој постојат јасни докази за сторен криминал, злоупотреба на власта, корупција, изборни измами и масовно прислушување на граѓаните и кој се обидува да опстане на политичката сцена со лажна надеж дека ќе се спаси од одговорноста, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
 
„На ВМРО-ДПМНЕ ѝ е јасно дека монтираните судски случаи коишто се креираа по налог на Никола Груевски се целосно разобличени и дека доаѓа правда. Македонија станува правна држава во која законите важат подеднакво за сите, а граѓаните веруваат во правдата.

Граѓаните на парламентарните избори минатата година ставија крај на криминалната ера на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. На овие локални избори граѓаните само ќе ја потврдат одлуката дека сакаат да живеат во слободна, праведна и просперитетна Македонија“, соопшти СДСМ.