СДСМ: Се грижиме за дијаспората и мотивираме соработка

од Vladimir Zorba
70 прегледи

dijaspora

Членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џафероски се сретнале со македонски државјани во Брисел кои живеат и работат во Белгија.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Македонија, за фокусираноста на СДСМ за организирање и одржување регуларни избори во декември.

На средбата Адеми и Џафероски соопштиле и повеќе мерки со кои се отвора шанса за граѓаните кои заминале од Македонија да можат да се вратат. Една од нив е директна поддршка од државата на третина од инвестицијата на повратник од странство, ако со неа бидат вработени најмалку 10 лица.