СДСМ: Се шири скандалот со непотизам ДПМНЕ ја вдоми и сестрата на министерот Љутков

од Milan1
232 прегледи

ДПМНЕ ја направи Македонија приватна фирма, за семејни вработувања на блиските на функционерите од власта, велат од СДСМ.

– Семејството Андоновски е само еден во морето примери за непотизам и за семејно-партиски стебла вдомени на грбот на народот.

Тате Љупчо е советник, бате Игор е началник, синот Стефан е министер, сите во Владата на Мицкоски.

Не е само тате-бате-сине, има и бате-дада непотизам во Владата на Мицкоски.

Сестрата на министерот за култура Љутков е вработена во Музејот во Велес во овој период.

Значи бате е министер во Владата на Мицкоски а дада е вработена во Музејот во Велес.

Државните институции на ангро се полнат со роднини на функционерите на ДПМНЕ.

Единствен критериум за некој да добие вработување е фамилијарните и партиските врски, ништо друго. И затоа младите и способни луѓе ја напуштат земјата се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини