СДСМ: Слушна Груевски термин “избори“ и се сети дека за оние кои ги влечеле “за уши“ треба водовод

од desk3
92 прегледи

Да мислеше Никола Груевски наместо на своите интереси, на интересите на граѓаните, жителите на Шуто Оризари досега ќе имаа водовод.

Колку се важни граѓаните на Шуто Оризари за Груевски и за Коце Трајановски покажува фактот што за најавениот водовод нема предвидено средства во основните буџети на градот и на државата.

Слушна Груевски термин “избори“ и се сети дека за оние кои ги влечеле “за уши“ треба водовод.

Најавениот водовод ќе се реализира со пари од кредит.
Само за споредба, мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје одлучи да отидат нови над 40 милиони евра за проектот Скопје 2014, од коишто над 6 милиони евра се директна донација од државниот Буџет.

Груевски не го интересираат проблемите на граѓаните. Го интересираат бизниси и пари, кражби и манипулации на избори.