Владата предводена од СДСМ го донесе Националниот план за производство на храна, а институциоте работат посветено на неговото спроведување. Покрај зголемените субвенции, ставањето на располагање на илјадници хектари државно земјоделско змејиште под закуп, интервентниот фонд, активно тргнуваме во поход на развој модернизација, изјави Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.
Според него, со буџет од 500.000.000 денари, започната е една огромна, сеопфатна акција за земјоделскиот сектор.
-За прв пат во историјата на политиките за рурален развој, во еден ден објавени се пет јавни повици за финансиска поддршка со различна намена, но со една цел, а тоа е да постигнеме модерно, одржливо и исплатливо домашно производство на храна. Ги повикуваме сите земјоделци, да се придружат во оваа борба за домашно производство на храна, бидејќи тоа е патриотизам, тоа е одговорност кон државата, кажа Георгиевски на прес-конференција.