Конгресот на СДСМ со акламација ја донесе Изборната програма на партијата за изборите во 2016 година.

– Создадовме реално спроведлива Програма. Ова е Програма на СДСМ и на граѓаните за спас на нашата заедничка држава, Република Македонија, рече претседателот Зоран Заев во завршното обраќање пред делегатите.
Од партијата велат дека предлозите на дискутантите на Програмскиот конгрес го заокружиле широкиот процес на дебата што го отворил СДСМ со целокупната граѓанска, експертска, општествена јавност, со цел утврдување Програма за сите во Македонија.
– Оценка на Конгресот на СДСМ е дека е донесена победничка Изборна програма на СДСМ и на граѓаните на Република Македонија, стои во партиското соопштение.