СДСМ со осуда за нападот на сопственикот на порталот Доказ.мк

од Vladimir Zorba
144 прегледи

 

СДСМ најостро го осудува физичкиот напад што се случи вечерва врз сопственикот на порталот Доказ.Мк, Марјан Стаменковски.

сдсм седисте

Тоа што вицепремиерот Пешевски кој го истепа сопственикот на порталот Мактел, Саше Ивановски, сеуште е во својата фотеља до Груевски во Владата, без да биде покрената каква било постапка против него, ги охрабрува и мотивира насилствата што продолжуваат да се случуваат врз лица кои не се поданички наклонети кон власта.

Зачестените подмолните инциденти, чии нарачатели и извршители не се откриваат, или се знаат но се толерираат, упатува на огромна нервоза кај власта на Никола Груевски, којашто е соочена со одговорноста за своите злодела.

Порачуваме веднаш да престане вандализмот што им носи лошо на Република Македонија и граѓаните.

Повикуваме професионалците во МВР да одговорат на работните обврски за коишто се платени од граѓаните и да отворат истраги за сите случаи, вклучително и за вечерашниот.

Укажуваме, дека брзо доаѓа времето, кога насилниците и нивните помагачи ќе одговараат за сите повреди врз граѓаните на Република Македонија.