СДСМ Струмица: Неуспешен обид на Пишев да го оцрни Заев и фирмата „Тритерол“

од desk3
160 прегледи

 
Лагите на Пишев, се потврдени невистини, рекоа на прес-конференцијата на ОО СДСМ, Струмица, по денешниот прес на пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Васил Пишев.

sdsm1

Оттаму ги отфрлаат наводите на пратеникот Пишев, кој два дена на прес-конференција вели дека има сомнежи дека Општина Струмица за учебната 2014-2015 година има склучено договор за превоз на деца со посебни потреби до ООУ „Сандо Масев“ и на вработени во општинската администрација со фирмата „Тритерол“, по според него двојно повисока цена од онаа во Битола. Пишев на прес конференција отвори и сомнеж дека дел од овие услуги воопшто не биле извршени.

-Лагите на Пишев се потврдени невистини. Дури и самиот мафташе со погрешни документи пред камерите со што бесрамно ја лаже целокупната јавност. За да се презиваш Пишев, а пишаното да не знаеш да го прочиташ какошто треба, е срамно. Но, според поговорката која вели, домашниот есап на пазар не излегува, есапот на Пишев да ги озцрни градоналаникот Заев и фирмата „Тритерол“ не му излезе пред во јавност како тој замисли. Вистината излезе на виделина и се покажа дека Пишев излажа уште еднаш. Реакцијата на Општина Струмица и демантот од „Тритерол“ покажаа дека Пишев повторно е ставен во стапица како се служи со невистини, рече на пресот, Коста Костадинов од СДСМ.

Тој го прозва пратеникот, меѓудругото и за непријавување на имотот пред Антикорупциска комисија, што, според Костадинов, Пишев го поседувал во Бугарија.

За прес конференциите на Пишев, Костадинов, вели дека била нарачка на партиското раководство, Пишев по секоја цена да го оцрни Заев и општина Струмица/МИА