СДСМ: Толку лошо стоиме што ВМРО мора да се занимава само со нас секој ден и постојано

Оттаму саркастично завршуваат: „Сепак, ВМРО е партија на која многу ѝ се верува. Сѐ што ветивте го исполнивте, почнувајќи од името. Македонија повторно горда!“

од Кристијан Димков
26 прегледи Фото: СДСМ

Според СДСМ, актуелната опозиција ВМРО-ДПМНЕ се фокусира речиси исклучиво на критики и напади врз најголемата опозициска партија и нејзините функционери. Социјалдемократите укажуваат дека ова се одвива преку црни кампањи и јавен линч на лидерот на партијата, Венко Филипче, како и преку ширење измислени афери и негативни објави во голем број медиуми, како и преку лажни анкети и секојдневни прес-конференции кои според нив се небулозни.

„Ете колку лошо стоиме! Неверојатно! Анкетата ви е супер, ама не можете да излажете. Треба уште 400.000 евра да ѝ дадете на агенцијата. Уште кренете ги цените, овие се мали, народот е презадоволен од високите цени. Со уште поголеми цени – ќе имаат и Мицкоски и ВМРО уште поголем рејтинг.“, се вели во соопштението на Социјалдемократскиот Сојуз.

Оттаму саркастично завршуваат: „Сепак, ВМРО е партија на која многу ѝ се верува. Сѐ што ветивте го исполнивте, почнувајќи од името. Македонија повторно горда!“