Со програмата на СДСМ за претстојните парламентарни избори е предвидена мерка со којашто за изградба на индивидуална куќа до 150 метри квадратни државата ќе им покрие на граѓаните 50 проценти од трошоците за комунален надомест, информира денеска на прес-конференција Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски во СДСМ.

Бочварски потенцира дека мерката ќе важи за сите граѓани без разлика на нивната возраст, дали се вработени или не се, дали се кредитоспособни и колкава плата примаат.
– Субвенцијата што ја планираме за покривање 50 проценти од комуналните трошоци за граѓаните ќе биде голема и реална помош. Ако се тргне од тоа дека вредноста на комуналниот надоместок е од 20 до 120 евра за метар квадратен, тоа значи дека на секој граѓанин ќе му помогнеме да плати помалку за комуналии од 1.500 евра до 9.000 евра, рече Бочварски.
Владиниот проект „Купи куќа купи стан“, оцени, е виртуелен и не го решил проблемот на граѓаните, а уште поапсурден, според него, е проектот „Купи куќа за млади“