СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ денес лицмерно глуми загриженост за дрвја кои ќе бидат заменети со нови садници

од Hristina Nikolovska
141 прегледи

Владејачката СДСМ преку соопштение констатираат дека колку ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за зеленилото докажуваат масовните сечи  на Водно, уништувањето дрвореди и цели паркови кои често се правеа во доцните утрински часови.

Истото ВМРО-ДПМНЕ денес лицмерно глуми загриженост за дрвја кои ќе бидат заменети со нови садници. – велат од СДСМ.

Како што јавно објавија институциите, Општина Центар, Град Скопје, станува збор за заболени дрва со габични инфекции, кои ќе бидат заменети со нови садници веќе во понеделник, додека вакво менување на заболени садници се случувало и претходно.

Дрвата се заболени токму поради долгогодишната негрижа на тогашната градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски, а денес се санираат штетите. – велат од владејачката партија.

Слични содржини