СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги навреди православните верници

од Vladimir Zorba
79 прегледи

„Наводно демохристијанската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги навреди православните верници и покажа дека немаат почит ниту за најголемиот христијански празник Велигден.

sdsm

Објавените невистини на „Курир“, нарачани од аболираниот Никола Груевски, беа демантирани во целост.

Граѓаните знаат дека лажниот патриот Никола Груевски и Сашо Мијалков задкулисно преговараа за промена на името на државата и за идентитетските прашања.

Случувањата во Диво Насеље во Куманово и информациите во медиумите за директна вмешаност на високи финкционери на власта е уште една потврда за лажниот патриотизам на штета на Република Македонија.

Демократска Македонија, предводена од Зоран Заев, ќе го врати спокојот, мирот и единството кај сите граѓани во Република Македонија.

СДСМ и Зоран Заев се столбот за сигурна иднина на Република Македонија како едно општество за сите“, велат од СДСМ.