СДСМ: Во Македонија ќе има фер и демократски избори, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе загубат катастрофално

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Македонија ќе има слободни, фер и демократски избори откако ќе се исполнат сите услови за кредибилен изборен процес којшто ќе ја гарантира слободната волја на граѓаните“, стои во денешното соопштение на СДСМ.

7982-SDSM-ZNAME[1]

„ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се плашат од слободни и фер избори. Затоа правеа се’ да не се исполнат минималните условите за кредибилни избори.

До крајот на годинава во Македонија ќе има фер и демократски избори на коиштоНикола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе загубат катастрофално. Тоа веќе им е јасно на сите“, велат од СДСМ.